
Интересот за трчањето како спорт станува се поголем, не само во Штип туку и низ цела Македонија.
Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев кој пред неколку дена ја финишираше трката на Алпите каде истрча 270 километри со што направи голем успех во неговата кариера, за телевизија М Нет вели дека интересот за трчањето како спорт станува се поголем, а доста млади кои сакаат да се посветат на трчањето го контактирале Манев за совет не само од Штип, туку од цела Македонија.
Манев е успешен ултрамаратонец, кој пред неколку дена успешно го заврши неговиот голем предизвик, трката на Алпите, а таквите резултати будат интерес кај младите кои сакаат професионално да се посветат на трчањето.
Александар Ванев, М-Нет