
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар за новата сезона се засили со Дарко Сековски. 18-годишниот фудбалер потекнува од школата на Вардар, а игра на позицијата офанзивен играч за врска. За екипата на Македонија ЃП има одигра 23 натпревари во рамки на Првата македонска фудбалска лига, и два во рамки на квалификациите за Конференциската лига.
21-годишниот Христијан Георгиевски по една сезона во Струга каде стана шампион во Првата лига, си замина и кариерата ја продолжува во Словенија, каде ќе настапува за екипата на Хафта.
Минатата сезона Георгиевски во дресот на Струга одигра 22 натпревари, а својата кариера ја започна во Работнички, од каде се пресели во Будимпешта, потоа се врати во македонскиот фубдал настапувајќи за Скопје, Силекс и Струга.
Во својата кариера има еден настап за репрезентацијата до 15 години и два настапи за репрезентацијата до 20 години.
Гостивар не запира со засилувања за новата сезона, па така клубот ги промовираше Алдаир Дијало и Зени Хусмани. Дијало доаша од редовите на турски Санлиурфаспор, а Хусмани доаѓа од редовите на словенскиот тим Домжале.
32-годишниот Дијало во својата кариера има настапувано за екипи од Португалија, Кипар, Словенија и Турција, додека пак 33-годишниот Хусмани има настапувано за екипи од Хрватска, Словенија и Турција, а во Македонија настапуваше за тетовска Шкендија од каде се пресели во словенски Домжале каде настапуваше четири сезони, по што се враќа во македонскиот фудбал.
Александар Ванев, М-Нет