
Општина Виница ќе има четирипати поголем Буџет од сегашниот со средствата кои Владата ги издвои за помош на општините. На годишно ниво за Виница се предвидени околу два милиони денари, што според градоначалникот Миле Петков е доволно за да се реализираат проекти за подобрување на инфраструктурата во градот.
„Ние веќе со доаѓањето на новата Влада и премиерот најави помош за општините. За Општина Виница се планирани околу два милиони евра на годишно ниво што преставува една сума која споредбено со капиталните инвестиции кои ги имаме од сопствениот Буџет од 30 милиони евра значи четири пати поголем Буџет за реализација на капитални проекти.“ – вели Петков.
Реконструкција на кејот на Градечка река, како и реконструкција на кејот на Виничка река се прокети кои треба да бидат реалзирани оваа година. Во проектите за наредната тековна 2025 година е реконструкција на локалниот пат од Блатец до Детлово во должина од три километри.
„Ние веќе имаме подготвено техничка документација за оваа година, додека сега сме во фаза на подготовка на проектна документација за реализација на проекти за наредната 2025 година. За оваа година планираме да завршиме со кејот на Градечка река, уредување на кејот на Виничка река. Еден од можните прокети за апликација е реконструкција на патот Блатец Детлово, втора фаза во должина од три километри.“ – додава Петков.
Во завршна фаза е и реконструкцијата на сината сала, односно завршен е внатрешниот дел, а со завршувањето на фасадата ќе биде пуштена во фунција.
Лаура Стојанова, М-Нет