Некогаш цело семејство работело на нива, сега нивите и куќите се речиси празни во село Мородвис

Земјоделството, сточарството и житните култури биле главни гранки со кои зе занимавле жителите во село Мородвис години наназад. Некои одгледувале крави, овци, некои пиперки, домати, компири, пченица. Станка Ристова жител на село Мородвис која веќе 40 години живее во селото сведочи за време каде порано Мородвис било убаво место за живеење. Токму таа со парите заработени од одгледување тутун успеала да изгради сопствена куќа. За разлика од порано, ситуацијата е драстично промемена, затоа сведочи и енормната мигарција на луѓето .

„Има, има си луѓе што си чуват овци, претходно имаше и крави ама сега не. Дали две, три куќи има. Земјоделие, ете на пример таа куќичка е на синот, имам посадено пиперки, домати, кромид, компири, како за нас да имаме . Јас сум 40 години во Мородвис. Со тутун, тутун си работевме децата ми беа помали со мене, сега сме сами со момчето. Се исплаќаше, јас куќа си направив со парите од тутун. Зелен тутун садевме од големиот, земавме пари направиме како за мене, доволно ми е ама сега веќе и тутун нема. Убаво си е Мородвис е убаво село. Јас како девојче сум од Облешево, 40 години сум во Мородвис. Си отидоа луѓето, младите не сакаат да гледат и да трпат за една кутија цигари. Испобегаа, си отидоа за поубав живот.“ вели Ристова

Во селото има што да се види бидејќи изобилува со културно наследство. Анкетираните сметаат дека намалениот број на жители во селото се должи за потрагата по подобар живот кои го наоѓаат во другите земји. Велат дека од земјоделство повеќе не може да се живее. Ако порано се посветувало цело семејство од утро до мрак сега нивите се празни, младите си одат, сите сакаат да јадат но никој не сака да одгледува.

„Поубаво, здравје. Горе манастир, тука локалитет, локалитето катастофа, претставува држава претставува општина. Побегнаа луѓето работникот е уништен, земјоделецеот уништен, сточарот уништен. Сите сакаме да произведеме ама на кој ќе го дадеш, ќе те уценуваат. 650 жители бевме а сега 200 жители. Околу 145 домаќинства, куќи имаше а сега ефективни нема 100, празно е. Секоја втора куќа е празна.“

„Пипер, царевка, пченица, и тоа. Сега така стојат нивите нема ефект. Па порано да имаше. Сега никој не сее и цело село не сее веќе. Епа жена, деца они избгеаа за странство и сами не можеме да работеме така стојат нивите“

Според пописот од 2002 год имало 549 жители а според последниот попис од 2021 година има 318 жители.Низ селото тече реката Морошка и се наоѓа на падините на планината Плачковица.Порано во селото се огранизирале игранки каде луѓето се собирале и играле. Сега се загрижени дека земјоделството ќе биде во рецесија и ќе станеме земја која ќе увезува од странство. бидејќи млади повеќе нема, нивите се празни а постарите со оглед на годините повеќе не се во состојба да работат.

Лаура Стојанова, М-Нет