Помалку бракови, повеќе разводи секој седми брак завршува со развод

Сведоци сме на времето каде разводите растат од ден на ден. Секој седми брак завршува со развод. Во последните години драстично е зголемен бројот на разводи на годишно ниво. Оваа појава освен кај младите во последно време се забележува и кај повозрасната популација. Разводот сам по себе е лоша семејна појава а во едно и општествена појава. Анкетираните граѓани за М-Нет телевизија велат дека препреките, долгите претрпувања на лоши и несакани моменти во одредена фаза од бракот се причините кои предизвикуваат развод.

„Менат ги партнерите тоа знам. Тоа е најлошото што може да биде во општеството, браковите зошто се растураат заради тоа. Женските почнаа да бараат мажи добри.“ – истакнаа анкетираните

Многумина го делат ставот дека една од причините за развод е токму бегањето од одговорности и обврски кои ги содржи бракот, овие причини се својствени и за помладите и за постарите кои се во брак. Неизоставена е појавата и на разводи кај постарата популација, каде веќе нивните деца се добро ситуирани и доволно возрасни.

„Многу ама не сакаат обврски затоа се разведуваат. Да и возрасни се разведуваат пораснат ги децата и после секој на своја страна, трпат цел живот па после се разведат. Децата ги ситуират се се кој како мисле си праве, секој различно јас не го поддржувам тоа“ – додаваат штипјани

Според податоците од Државниот завод за статистика најголем број на разводи е кај жените каде бројката изнесува 298 и 281 развод кај мажите се случиле во истата старосна група од 30 до 34 години. Според траење на бракот, најмногу разводи 360 се случиле од пет до девет години по склучување на бракот. Додека просечната возраст, пак, при склучување на прв брак е 27,4 години за невестата и 29,9 години за младоженецот.

Лаура Стојанова, М-Нет