Луѓето се навикнати да живеат во кредити велат штипјани, секој втор граѓанин има кредит

Скапи одмори и големи кредити, многу честа е ситуацијата со која се соочуваме секојдневно и тоа не е нормално. Штипјани зачудени како е можно да се вади кредит за да се замине на патување со оглед на високите цени и начинот на живот. Младите се оние кои често избираат да извадат кредит за да патуваат на егзотична дестинација, а повозрасните велат дека гледаат да искористат шанса да заминат на некој одмор или патување со помалку пари.

„Не јас не вадам кредит за одмор не, ако можам и доколку имам ќе одам, само не јас тоа не го правам. А младите се снајдат они, они за нив си најдат, ние гледаме малку по така, по тенко сме да се стабилизираме малку, нема на еднш да се истрчаме, па потоа некои останат. Гледаме да си имаме ден за ден и некаде ако ни испадне шанса, идеме малку, но така за помалку пари. Па изгледа и вадат како што се нема пари сигурно вадат. Само младите вадат. Ако нема некој во глават нека ваде, ако сакаат да загазат. На нас ни пропадна државата, за никаде сме. Јас сум читал дека луѓето зимаат кредити за одмор, но тие проблеми ги немам. Луѓето се така навикнати сакаат да живеат во кредити.“ – изјавиа граѓаните

Штипјани децидни дека многу е лесно да се извади еден кредит, да се патува, но могу е тешко враќањето во нормалниот живот и исплаќањето на кредитот во наредните години. Сега е многу атрактивна и ситуацијата со онлајн брзи кредити, со што на брз, лесен и едноставен начин ќе се добијат парите.

Лаура Стојанова, М-Нет