Вртоглаво високи цени на пазарот во Штип, пиперот достигна рекордни 80 денари

Раздвижен пазар ден во Штип, голем избор побарувачката не толку задоволувачка.Штипјани најмногу денеска купуваа сезонски производи; домати, пипер, лубеница. Едногласни дека цените овој пазар вртоглаво се повисоки за разлика од претходниот па затоа го купуваат она што е најопходно. Велат дека и малите пензии ги приморуваат да го земат само она што најмногу го консумираат.

„Овој петок многу е скапо доматите чинат 60 денари, 40 денари пиперот е многу скап овој пазар, скапо е за нашите мали пензии скапо е. Купив лубеница, диња, домати тоа општо„

Освен доматите, пиперките и лубеницата пазарџиите беа во потрага и по сливи.

„Не е многу евтино, пиперот доматите гледам крушите по 80, 100 денари некаде. Јас сливи барам да видам дали ќе најдеме. Па може да е исто нешто 80 денари, пиперот е малку поскап 80, 70. за пензиите ако гледаме по стандардот на Македонија ни 50% не се. Сега моментално не купувам ништо вчера јас пазарував сега дојдов само за сливи.“

„Нормално пиперки, домати, краставици се што треба. Јас последен пат кога купував беше по 50 денари а сега ќе видиме сега влегувам во пазарот да видиме што како е, а мора да се земе што да правиме и да е скап. 70 денари наспроти нашите пензии малку скапо ама добро, мора се, мора да се земе.

Од друга страна пак производителите едногласни со средна оценка за денешниот пазар. Велат дека временските услови не влијаат поволно врз производството бидејќи е премногу топло а се уште нема дожд и мораат производството да го зашитат на секој можен начин.

„Цените се причино добри за овие услови што значи дека морковот е 50 денари, цвеклото 40, бамјата 150 до 400, магдоносот 30, тиквата 20, модир од 15 до 40 класја, од 25до 30 и обичен праз 15 денари. Времето посебно на пиперот воопшто не влијае,целиот пипер е изгорен што значи ако вака проолжи времето нема даима пипер.

„ Па има пазар не е лошо, среден пазар не е многу јак ама пак е добро. Не се поволни временските услови многу е топло мора да се заштитува производството инаку тешко се произведува. Па најмногу се бара доматот и компирот“

Можеше да се забележи дека пазарот беше раздвижен, имаше голем избор, цените за разлика од претходниот петок малку повисоки но како што рекоа пазарџиите мора да се земе по нешто.

Лаура Стојанова, М-Нет