Македонската делегација сместена во Париз, започнуваат ЛОИ 2024

Утре започнуваат Летните олимписки коишто ќе се одржат во Париз, Франција, во период од 26. јули до 11. август 2024 година. Официјалното отварање е предвидено утре, а Летните олимписки игри ќе завршат на 11. август.

На Летните олимписки игри во Париз учество ќе земат 206 држави, меѓу кои и Македонија, ќе настапат 10.714 спортисти.

Делегацијата на Македонија ја сочинуваат атлетичарот Дарио Ивановски, потоа Владимир Егоров кој ќе настапи во борење до 57 килограми слободен стил, Никола Ѓуретановиќ пливање 400 метри слободно, Анастасија Мојсовска стрелаштво 10 метри воздушна пушка, џудисто Еди Шерифовски и Мила Релиќ таеквондо.

Покрај спортистите, Македонија ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во ракометн, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.

Македонија свој претставник ќе има на Параолимписките игри во Париз, а таму ќе не претставува Оливера Наковска Бикова во стреластво.

Знаменосци на свеченото отварање ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.

Александар Ванев, М-Нет