
Македонскиот прволигаш за новата сезона доведе големо засилување во своите редови, станува збор за поранешен играч на Монако и Фенербахче.
Дресот на Гостивар ќе го носи искусниот играч Набил Дирар. 38-годишникот во Гостивар доаѓа од редовите на Шифланге, екипа која настапува во Првата лига на Луксембург, а во минатото Дирар беше дел од екипите на турскиот гигант Фенербахче, Монако, Бриж, Касимпаша, Вестерло, настапуваше и во првенстото на Данска и Мароко.
За репрезентацијата на Мароко новиот фудбалер на Гостивар има одиграно 46 натпревари, а на истите има постигнато три погодоци.
Интересно е тоа што Мароканецот кога беше фудбалер на Фенербахче доаживеа елиминација од Вардар, кога нашиот најтрофеен тим обезбеди пласман во групната фана за Лигата на Европа, па тоа ќе значи дека Дирар во новата сезона ќе игра одново против Вардар, кој не го памети по најдобро.
Дирар во својата кариера го има освоено францускиот шампионат, а беше шампион и во белгискиот шампионат.
Гостивар со овој трансфер ги потврдува своите големи амбиции за новата сезона, ако минатата сезона Гостивар заврши на шестото место во Првата лига, во новата сезона Гостивар сака да се вмеша во горниот дел од табелата, а со тоа и да обезбеди излез во Европа.
Александар Ванев, М-Нет