Утврден датумот за ждреб за Првата македонска фудбалска лига

ФОТО: Телевизија М Нет

Комисијата за натпреварување на Фудбалската федерација на Македонија, за во понеделник, 29. јули во просториите на „Куќата на фудбалот“ со почеток од 13 часот ќе одржи извлекување на паровите за новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Првата македонска фудбалска лига.

Со извлелкувањето на ждребот ќе биде познат распоредот за новата сезона од фудбалската елита на Македонија.

Во новата сезона од Првата лига остануваат да се натпреваруваат 12 екипи, за првпат во новата сезона ќе се натпреварува екипата на Беса од Добри Дол која е предводена од Александар Таневски, а која лани беше шампион во Втората лига и обезбеди историско учество во елитата. Во Првата лига во новата сезона се враќа и битолски Пелистер, Струга ќе биде бранител на шампионот, а останатите екипи кои ќе играат во Првата лига се Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Силекс, Брера Струмица, Гостивар, Работнички, Воска Спорт, и Вардар.

Од Првата лига минатата сезона испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, а Вардар преку бараж го обезбеди опстанокот совладувајќи го Детонит Плачковица.

И во новата сезона последните две екипи испаѓаат директно од Прва во Втора лига, а екипата која ќе биде на десеттото место во Првата лига ќе игра бараж за опстанок против третопласираниот тим од Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет