Ќе се гради сообраќаен, едукативен парк за млади во населба „8 Номври“ во Штип

Во следните денови ќе се поставува тартан подлога на кошаркарското и одбојкарското игралиште целосно ќе се осветли овој дел и ќе биде во функција и на учениците, започнаа активностите за реконструкција на игралиштетото во основното училиште „Тошо Арсов“ Штип. Втората фаза ќе биде изградба на сообраќаен едукативен парк, а за овој проект се одвоени околку два милиони денари и се очекува истиот да биде пуштен во употреба кон крајот на месец август, почетокот на месец септември.

„Втората фаза од уредувањето на овој простор кој што се наоѓа во населбата „8 Ноември“ е изградба на сообраќаен едукативен парк за млади кој што во втора фаза ќе биде изграден. Дополнително ќе се издвојат некаде околку два милиони денари за изградба на овој сообраќаен едукативен парк кој што очекувам некаде кон крајот на месец август, почетокот на месец септември да запопчне да се реализира“ вели Јорданов

Во претстојниот период треба да се уредуваа спортскот терен во населбата „Автокоманда„ до пинг понг салата. Истиот ќе се реконстурира и ќе добие соодветна специјализирана подлога. Истиот е направен пред десетина година.

„Населбата „Автокоманда“ веднаш до пинг понг салата е исто така еден парк, еден простор кој како што е направен пред дестина години досега не е одржуван. Овде исто така ќе се направи реконструкција на спортските терени за да истите добијат соодветна специјализрана подлога, соодветно осветлување и да користат за сите оние кои што ги користат овие детски површини и реквизити и спортски терени.

Исто така Јорданов најави дека во следните денови ќе се поставува специјализирана подлога на пешачката патека долж реката Брегалница која ќе биде наменета за најмладите.

„Се поставува вештачка карпа која што исто така има потреба од специјализирана подлога на пешачката патека долж река Брегалница, овде оваа вештачка карпа ќе служи пред се за најмладите. Таа е веќе поставена но специјализрината подлога деновиве очекувам да биде поставена за да практично се стави во функција.

Градоначалникот Јорданов посочи дека ќе се посвети на уредување и на останатите спортски терени во градот Штип кој се запоставени подолг период кои се од суштинско значење за рекреација, спортување и анимирање на најмладите.

Лаура Стојанова, М-Нет