„И јас и ти сите сме пешаци“ кампања за зголемување на безбедноста во сообраќајот во Кочани

Под мотото „И јас и ти сите сме пешаци“ започнува кампањата за подобрување на безбедноста на најранливата категорија учесници во сообраќајот-пешаците. Истовремено пешаците се најмалку контролирана и најмалку санкционирана категорија учесници во сообраќајот. Кампањата започна со делење на пропаганден материјал заедно со едукативнитот материјал на граѓаните на плоштадот во Кочани.

„Токму затоа денес и посветуваме поголемо внимание од местото викано Градски пазар или Плоштадот каде што сакаме да ги насочиме во однесувањето во сообраќајот да ги поучиме, да ги посоветуваме и да им поделиме пропаганден материјал заедно со едукативниот материјал од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, советите од Министерството за внатрешни работи и учениците од СОУ „Ѓошо Викентиев“ – вели Ристовска

Пешаците треба да имаат предвид дека и за нив важат сообраќајните правила и прописи како и за останатите учесници во сообраќајот. Од Општинскиот совет за безбеднопст на сообраќајот на патишата апелираат до возачите да ја намалат брзината и да бидат секогаш подготвени кога се приближуваат кон пешачки премин и да ги пропуштаат пешаците. Бидејќуи непочитувањето на сообраќајните правила и прописи од страна на пешаците и возачите е причина за предизвикување на сообраќајни незгоди.

Лаура Стојанова, М-Нет