Шишиња вода делат волонтерите на Црвен Крст за заштита од топлотен бран и пожари

Со доделување на флаери за заштита од топлотен бран и пожари и делење шишиња вода на терен делуваат волонтерите на Црвен Крст Штип. Велат дека ваквите акции ги организираат се со цел да им помогнат на граѓаните да се заштитат од топлотен бран, но и пожарите кои се присутни периодов.

„Денеска делиме вода и флаери за заштита од топлотен бран и пожари, поради високите температури да ги заштитиме некако граѓаните од опасносите кои можат да се случат со високите температури, колапс и слично. Нудиме вода и флаери на кои што има како да се заштитат од топлотниот бран да избегнуваат излегување во одредени периоди, повеќе да внесуваат течности, но и флаери за заштита од пожари, поради несаканите пожари кои се појавиа на териотријата на Македонија како да се заштитат од нив. “ – изјави Димитрова

Волонтерите посочиа дека на терен делуваат во времињата кога е најтопло и кога температурите се највисоки, децидни дека според потребите доделуваат и шишиња вода.

„Па обично излегуваме во најжешкото кога температурите се највисоки затоа што луѓето и во тој дел од денот имаат работа и се движат и најчесто тогаш сме активни. Веќе откако прогласија ввондредна состојба сме повеќе активни, но и пред тоа имавме активности. Трошиме во зависонст од потребите.“

Соогласни и грашаните дека ваквите активности на терен се многу од полза и корисни за граѓаните, а особено во ваква алармантна состојба кога температурите достигнуваат вредност и над 40 степени.

“Често посебно на вакви високи температури, мора да има вакви работи да читаме, да се напиеме вода се е во ред.“

Инаску на територија на нашата држава прогласена пороткалова фаза и екстремно високите температури ќе траат денес и утре, а за викендот ќе преовладува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во претпладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, според УХМР.

Лаура Стојанова, М-Нет