
За само еден миг изгорева борови стари повеќе од шест децении – жителите од село Драгоево и село Селце исплашени сведочат за пожарот кој беснее во нивна близина веќе неколку дена. Гледат како горе борова шума, велат еден посилен ветер и огнот може да зафати дел од нивните села, ниви, нивниот имот. Секоја година горе, ама сега пожарот е најопасен велат тие.
„Ние сме исплашени, ние сме без вода и така. Кога видев што е горело, најдобрите борја преку ден изгореа. Оддамна беа насадени, до сега се чуваа, вчера изгореа и тие.“ – велат жителите.
Сведоци се дека се гаси од копно и од воздух. Неколку дена по ред сите надлежни институции се на терен и се интервенира со цел да се стави под контрола пожарот. Помош од воздух прва испрати Турција.
Во меѓувреме од ЦУК информираат дека активно се гасат пожарите на Серта. Додаваат дека пожарот кој вчера се разгоре кај Радовиш денеска е ставен под контрола.
Лаура Стојанова М-Нет