Започнаа натпреварите од екипното државно првенство во тенис, екипат на Југ ја брани титулата

Од денес до четврток ќе се одигруваат мечевите од Државното екипно првенство на Македонија во тенис. Овие четири дена седум екипи ќе се натпреваруваат поделени во две групи, една група со три екипи, а една група со четири екипи. Победниците на групите во четврток ќе играат во финалето, а второпласираните ќе се борат за третата позиција.

Во групата еден која брои три екипи ќе се натпреваруваат Југ од Скопје, Неготино од Неготино и Тумба од Куманово, додека пак во втората група се екипите на Поинтер од Скопје, МТП од Скопје, Битола од Скопје и Мондано од Скопје.

Денес ќе се одиграат натпреварите од првото коло. Екипата на Југ ќе се соочи со Тумба, Поинтер ќе игра против Мондано, а екипата на МТП против Битола, а во првото коло слободна е екипата на Неготино. Натпреварите ќе се играат на терените на Тенискиот клуб Југ од Скопје.

Титулата од минатата година ја бранат тенисерите на екипата на Југ од Скопје, а во екипите настапуваат актуелни и поранешни македонски репрезентативци, како и младите тенисери, кои ќе се борат за одлични резултати.

Александар Ванев, М-Нет