
Славица Димиторва од Кочани е лице со оштетен вид, но тоа за неа не преставува пречка за да може да работи самостојно и да создава уникатни парчиња накит. Започнала со помош на други лица да прави накит од бискери, глина и пластелин, за денеска тоа да го работи сосем сама. Вели почетокот бил тежок, но денеска за неа не преставува проблем, па затоа сака да почне и со изработка на ташни од монистри.
„Мојата идеја за изработка на накит започна, мотивот и желбата се неизмерни за работа. На некој начин преку тоа сакам да ги мотивирам и другите кои имаат било каков хендикеп да не го гледаат тоа како пречка. На самиот почеток беше малку тешко бидејќо јас тоа самата почнав да го работам. Изработувам накит од бисери, глина, еден вид како пластелин и така ги работам.“ – вели Димитрова.
Ова престваува гордост, вели Претседателот на Националениот сојуз на слепи лица, оти лицата со слаб и оштетен вид се чувствуваат корисно, создаваат и заработуваат.
Во оваа прилика се упати апел до надлежните институции повеќе да се ангажираат кога се во прашање потребите и барањата на слепите лица. Како приоритет е проблемот со инфраструктурата.
„Да упатам апел до надлежните институции за поголема соработка, поголем ангажман и подобар слух за нашите барања. Како и секаде така и кај нас бетонските бариери се поприсутни за самостојно движење на слепото и слабовидно лице“ – вели Илиев.
Кочанското здружение за слепи и лица со оштетен вид брои околу 100 члена и е едно од поактивните во државата.
Лаура Стојанова М-Нет