
Кратовскиот прволигаш Силекс за новата сезона претстави уште две нови засилувања, станува збор за Валентин Кочоски и Ади Алиќ.
27-годишниот Кочоски во поранешниот шампион доаѓа од редовите на прволигашот Воска Спорт од Охрид и ќе биде вистинско освежување, но се очекува и да ја засили ротацијата во средниот ред. Во својата кариера има настапувано за Струга, Пелистер, Беласица, Шкупи, Хоризонт Турново и Брера Струмица.
Алиќ во Силекс доаѓа од редовите на кипарски Ахиронас, а во својата кариера 22-годишникот настапуваше и за Слобода Тузла, Слобода Нови Град, а кариерата ја започна во Слобода Тузла каде ги помина младинските категории.
Босанецот беше стрелец на еден гол за време на пријателските натпревари против Радник Сурдулица, кој го постигна од белата точка.
Минатата сезона Силекс заврши на 5. место на табелата со 43 бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет