
Лубеница, праска, кајсија и круши беа најбарани производи денес на пазарот во Штип. Задоволни продавачи, поголема раздвиженост и побарувачка согласно примањата на граѓаните. Секој според примањата ги купува неопходните производи. Цените се идентични како и претходниот петок, велат продавачите и согласно со високите температури задоволни од побарувачката.
“Денешните цени ќе ги кажеме пиперот благиот и лутиот 80, а другите цени се како минатиот петок. Патлиџанот 50, крушата 100 денара, праската 50, а голата 60, лубеницата 20. Купуват, благодарни сме на граѓаните. Најмногу се бара овошје и зеленчук. Конкретно од зеленчук пиперката и патлиџанот, a од овошјето праската и лубеницата“
“Праска, кајсија, грозје, круша, тоа најмногу се бара. Праската е 60, грозјето 120, крушата е 100 денари, а лимонот 120. Исплатливо е секогаш кога работи човек, ама сега е многу топло и не се издржува. До сабајле е добро, а поручек тешко“
Неопходно е да се купат основните продукти, велат граѓаните на Штип и додаваат дека без лубеница нема да си отидат
“За кој како, си купив црвен пипер
“Па ќе купам, модри зедов само и уште нешто. Па за нашите пензии цените се скапи“
“Добро е, тиквички, моркови зедов“
Овој петок, особено побарувачка имаше на овошјето, имајќи предвид екстремно високи температури и хидрирање, истото е препорачано од лекарите. Раст на цената имаше само кај лимонот, а пад на цените на основните производи.
Лаура Стојанова М-Нет