Здружението „Распеани штипјани“ со свој целовечерен концерт во понеделник во Мултимедијалниот центар во Штип

Во склоп на Штипско културно лето во понеделник на 15. јули 2024 година со почеток во 20:00 часот, здружението на граѓани „Распеани штипјани“ ќе одржи целовечерен концерт во просториите на Мултимедијалниот центар “Киро Глигоров“ во Штип. Концерт посветен на некогашнен член, кој дал свој придонес во здружението во изминатите 40 години.

„На 15 јули 2024 година понеделник во 20:00 часот ќе има целовечерен концерт во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“. Ги поканувам сите љубители на староградската песна да дојдат како секое заслување на нашите концерти и да напоменам дека овој концерт исто така сакам да го посветеме на наш член Љупчо Николовски, кој активно работеше со нас 40 години.“ – вели Караколев

Со песните „Марето Нацева“, „Запеј песно мори моме“, се дел од репертоарот со кои ќе настапат пред публиката а главно акцентот ќе биде насочен кон староградскиот стил.

„Ќе се претставиме претежно еден блок со стари штипски песни староградски, кои многумина ги имат испеано на серенади, на седенки и нешто од новите компонирани, но сепак се во слоп на староградските песни. „Марето Нацева“, „Запеј песно мори моме“. – посочи Караколев

Вратите за сите заинтересирани граѓани и љубители на староградската музика се отворени на 15 јули со почеток во 20:00 часот, каде влезот е слободен. Концерт кој ветува уживање, освежување на спомените на едни стари убави времиња.

Лаура Стојанова, М-Нет