
Екипата на Новаци ги стартуваше подготовките за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига. Првата прозивка тренерот Дарко Крстески ја имаше на стадионот во Новаци, а потоа беше реализиран и првиот тренинг во рамки на летните подготовки за новата сезона.
Како што дознава телевизија М Нет, Новаци ќе го задржи костурот за новата сезона, можно е заминување на неколку фудбалери, а се очекува и нови засилувања кои треба да пристигнат во следниот период.
Новаци и во новата сезона ќе влези со „скромни“ амбиции, односно да се сочува второлигашкиот статут, како што беше и минатата сезона.
Екипата на Новаци пред две сезони стана шампион во Трета лига – Југозапад, потоа загуби во баражот, но имаше среќа во ждрепката од поразените екипи и го обезбеди местото во Втората македонска фудбалска лига.
Минатата сезона екипата на Новаци заврши на 11. место на табелата со 34 бодови на своето конто, оствари 10 победи, забележа четири ремија, а претрпе 16 порази. Во сезоната како повратник во Втората лига, екипата на Новаци одигра одлична сезона.
Александар Ванев, М-Нет