ФК Македонија ЃП ги започна подготовките, Симеон Христов ново засилување за „лавовите“

ФОТО: ФК Македонија ЃП

Македонија ЃП ги започна подготовките за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига, со првиот тренинг.

Тренерот Бобан Грнчаров ќе има тим составен од млади и искусни фудбалери, кои во новата сезона ќе важат за главни фаворити за освојување на првото место и со тоа да напреват експресен „кам-бек“ во Првата македонска фудбалска лига.

Засега како што дознава телевизија М Нет ново засилување во редовите на Македонија ЃП ќе биде Симеон Христов, кој доаѓа од редовите на Пелистер од Битола. 31-годишниот Христов беше на првиот тренинг на Македонија ЃП, со што веќе е ставен на располагање на тренерот Грнчаров.

Целта на клубот е јасна, експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона „лавовите“ од Ѓорче испаднаа од фудбалската елита на Македонија, откако сезоната ја завршија на претпоследното 11. место на табелата со 29 бодови на своето конто.

Александар Ванев, М-Нет