
Крилниот играч Марјан Ристовски Швајц во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига ќе го носи дресот на Брера Струмица. 27-годишникот веќе е ставен на располагање на новиот тим кој е предводен од Бојан Круљ.
Ристовски во Брера пристигна од Вардар, а во својата кариера има настапувано за Кожуф, Тиквеш, велешки Борец, Силекс, Работнички и последно за најтрофејниот македонскиот фудбалски клуб.
„Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, рече Ристовски по неговата промоција во дресот на Брера.
Искусниот Драган Стојков го продолжи договорот со Брера Струмица со што и во новата сезона ќе го носи дресот на Брера.
Стојков важи за столб во играта на Брера, силен мотиватор на младите со неговото големо искуство во домашните и странските клубови.
Стојков за Брера имаше 12 првенствени настапи и забележа една асистенција.
Александар Ванев, М-Нет