Брегалница се засили со Иванов, а ја продолжи соработката со Димитриевски

Штипскиот второлигаш Брегалница се засили на офанзивната линија со Бојан Иванов, кој доаѓа од второлигашот Кожуф.

Во својата кариера има настапувано и за Македонија ЃП, Саса, Борец од Велес, Брера, Овче Поле, Слога и Работнички.

Штипјани ја продолжија соработката и со Димитриј Димитриевски, кој и во новата сезона ќе го носи дресот на Брегалница.

“Сините” најавуваат експресно враќање во Првата лига, откако лани испаднаа како последнопласирано фудбалската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет