Инфраструктурата главен проблем за слепите лица во државата, но и во соседството

Инфраструктурата една од главните пробелми со кои се соочуваат лицата со попречености во видот во државата, но и во соседните држави. Потребно е обележани места за движење, звучни семафори и поголема прифатеност во општеството. Во соседна Бугарија се работи доста на инфраструктурата, но има уште низа работи кои треба да се променат.

„Мислам дека државата се достоинствено за слепите лица, придонесуваат за нив. Но, кај инфраструктурата мислам дека треба да се работи и да се подобри. Треба државата да создаде простор за слепите лица да можат да излезат од дома, да се движат, и да бидат дел од општеството. Вака се ограничени да стојат во едно место. Ама во обласата на спортот имаат доста погодности, места и сали кои се погодни и достапни за нив. Има уште доста да се работи.“ – вели Петков Иванов.

Како проблем се јавуваат и предрасудите во помалите населени места. Ова е проблем кој се појавува речиси во сите држави од бивша Југославија, велат лицата со попреченост со видот од Србија. Но децидни се дека се работи за да се променат сваќањата на граѓаните, а и да се работи на инфраструктурата.

„Проблемите на слепите лица се речиси исти во сите држави од бивша Југославија. Предрасудите спрема слепите лица се големи, особено во помалите средини. Јас сум од Краљево и кај нас можам да кажам дека предрасудите за слепите лица и лица со попречености се големи. Но се трудиме тие предрасуди да бидат намалени и мислам дека се движиме во добар правец. Недостига и инфраструктура. Немаме патека за нас, нема звучни семафори – тоа е генералниот проблем. Во некои поголеми градови има дел од ова, односно се работи на подобрување на инфраструктурата за слепите лица.“ – вели Вуковиќ.

Слична е ситуацијата и во државата, но во Штип се забележани доста подобрувања кога е во прашање инфрастурктурата. Претседателот на здружението на слепи лица од Штип, вели дека активности има и напорите се овие лица да излезат од своите домови и да се социјализираат.

„Ние овде во Штип правиме повеќе активности за слепите лица да можат да излезат од дома, со цел да видат дека мотивираме, оти животот не е само негативен. Но, има и страшни ситуации во некои здруженија, тоа се случуваше порано и кај нас, кога имаше случаи на депресивни случаи. “ – вели Витанов.

Слепите лица треба да бидат рамноправни во општеството и во сите свери – ова е главна цел на здруженијата на слепи лица од Македонија и соседните држави која треба да се постигне во иднина.

Лаура Стојанова М-Нет