
Утре на територијата во Делчево ќе се спроведе првото прскање против комарци. Оваа мерка е предвидена во годишната Програма на општина Делчево за заштита на населението од заразни и други заболувања, а ќе ја спроведе овластена фирма од Куманово. За 2024 година се предвидени 300.000 денари за две редовни авионски прскања.
„За 2024 година се предвидени 300.000 денари за две редовни авионски прскања. 300.000 денари тоа се 150,000 денари за секое прскање но, доколку има потреба се организираат и вонредни тереистички односно од земја прскања.„ вели Цоневски
Предвидено е да се спроведат една до две редовни деретизации во градската депонија и канализационата мрежа. Но доколку се појави потреба ќе може да се прска и повеќе пати. До второто прскање треба да поминат најмаку 20 дена.
„Предвидена е една до две редовни деретизации на градската депонија и канализациона мрежа но, по потреба може и повеќе. Ова утре е прво прскање против комарци. До второто треба да поминат најмалку 20 дена.“ посочи Цоневски
Утре првото авионско третирање ќе биде спроведено во следните предвидени атари: Река Брегалница со притоките – Езеро мотел,,Кула,, – Река Габровчица – Звегорска река – Чаршиски, Пустевски, Манастирски ендек и Грозданец – село Вирче, информираа од Општина Делчево, во периодот од 05:00 до 08:00 часот наутро.
Лаура Стојанова, М-Нет