
Течна леплива материја истурена од страна на несовесни граѓани на летниковец кој се наоѓа во централното градско подрачје во Штип. Никаква култура ниту пак свест од страна на сторителите, со единствена цел да се оштети месотото, да се уништи изгледот и да не е во употреба. Револтирани грѓани кои го користат летиниковецот велат дека оваа претставува сериозен проблем затоа што тоа што е убаво и корисно го уништуваат.
Инаку ЈП„Исар“ преку писмено соопшетени за овој проблем исткна:
„По барање на граѓаните е поставен летниковецот кој се наоѓа во централното градско подрачје со целосно уреден простор и обезбедени паркинг позиции од страна на ЈП„Стипион “. Оваа што се случува и што го гледаме е резултат на несовесни граѓани кои уништуваат позитвни работи за граѓаните, кои се финансирани од страна на парите на граѓаните. За сторителите кои постојано го уништуваат јавниот изглед ќе следуваат санкции. Инаку размислуваме за решение на проблемот, но сметаме дека најдобро идно решение би било дислокација.“ – велат од ЈП„Исар“
Надлежните иституции апелираат до сите граѓани да се однесуваат совесно и да не го уништуваат јавниот изглед на граѓаните, бидејќи ние заеднички создраваме за подобро утре.
Лаура Стојанова, М-Нет