
Второлигашот Охрид остана без првиот голман Дамјан Серафимов кој си замина од клубот и кариерата ќе ја продолжи во нова средина.
Како што дознава телевизија М-Нет 23-годишникот кариерата нема да ја продолжи во Охрид, тој е слободен играч, со што Серафимов кариерата ја продолжува во нова средина.
Серафимов во Охрид пристигна од редовите на Кадино во јануари 2022 година, има настапувано за Македонија ЃП и Металург.
Серафимов имаше одличен престој во Охрид, каде во многу наврати имаше и чиста мрежа и ги собра симпатиите на верните навивачи и на охридската спортска јавност.
Охрид има нов тренер екс селекторот на Македонија Никола Илиевски – Џиџи, за што веќе објави телевизија М Нет, а сега останува кроењето на ростерот и дали Охрид ќе има амбиции за Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет