Шест изведувачи од вчеравечер ќе пеат и вечерва на Макфест, вкупно 18 изведувачи на втората фестивалска вечер во Штип

Шестмина изведувачи од вчеравчер, ќе пеат и вечерва на втората фестивалска вечер на Макфест. За нив одлучуваше стурчно жири, а гласаше и публиката. Вечерва на сцената на Макфест ќе настапат 18 изведувачи. Уметничкиот директор на фестивалот Макфест, Роберт Саздов најави прекрасна вечер исполнета со музика.

,,Вечер имаме 18 песни на програма, вчера имавме уште една успешна вечер на Макфест. Шест композиции вледуваат од првата во втората вечер и плус 12 коишто претходно беа предвидени. Вкупно ќе имаме 18. Тие шест композиции коишто влегуваат се избрани со број на гласови од публика и од жири. Се надевам ќе биде извонредна вечер“, најави Саздов

Диригентот на Камерниот оркестар на Макфест, Илија Ќосевски ги замоли поддржувачите на македонската музика да дадат поддрка пред се на шесте дебитанти.

,,За оваа вечер има доста разнолики, шарени песни за сечиј вкус. Би замолил сите поддржувачи на македонската музика да им се даде пред се максимална голема поддршка пред се на овие шест дебиданти. Останатите ни се доста добро познати. На сите им е направена добра подлога плус да се оживеат со убав звук на Макфест“ замоли Ќосевски

Покрај дебитантите, на втората фестивалска вечер од 41. издание на „Макфест“ ќе настапат и добро познати музички имиња од македонската естрада: Огнен Здравковски, Врчак и Симона Поповска, Елвир Мекиќ, Јован Јованов и Тони Зен, Ристо Самарџиев, Агни Авшар, Наташа Малинкова, Викторија Лоба, Теа Трајковска, Давид Темелков, Марија Спасовска и Марија Данева.

Ева Тушевска, М-Нет