Женската кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години ќе земе учество на ЕП Дивизија „Б“ во Романија

Женската јуниорска селекција на Македонија, ќе земе учество на Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки под 18 години, кое ќе се одржи во Романија во период од 2. до 11. август.

Нашата репрезентација ќе биде предводена од селекторот Горан Крстевски и неговите асистенти Методија Бешлиоски и Јана Петрова, а првиот собир селекторот го закажа за 1. јули во СРЦ „Кале“ во малата сала со почеток од девет часот.

Репрезентативката Ива Дојчинова од Штип за телевизија М Нет зборуваше за настапот на Европското првенство Дивизија „Б“ до 18 години во Романија.

Дојчинова претходно во 2022 година зеде учество со македонската репрезентација до 16 година на Европското првенство „Б“ девизија во Подгорица, Црна Гора, додека пак минатата година учествуваше со репрезентацијата на Македонија до 18 години на Европското првенство „Б“ во Софија, Бугарија.

Македонската репрезентација е во група А со селекциите на Грција, Бугарија, Ирска и Норвешка. Првиот меч Македонија го игра против Ирска, а потоа играме против Грција, Бугарија и последниот меч ќе биде против Норвешка. На Европското првенство Дивизија „Б“ ќе настапат 18 селекеции поделени во четири групи.

Дојчинова по завршувањето на Европското првенство ќе замине на подготовки со новиот клуб Задар Плус во Хрватска.

Александар Ванев, М-Нет