
Шеснаесет годишната Златица Лазарова од Штип е победник на меѓународниот натпревар “Пијанофест” во Битола, кој се оддржа по четврти пат. На натореварот учествуваа околу 150 учесници, а таа се здоби со специјална награда Лауреат. Токму затоа ќе има можност догодина таа да го отвори новото издание на Пијанофест 2025 година. Лазарова почнува да свири пијано од нејзината седма година. Изучува да свири на пијано во основното училиште ДМУЦ „Сергеј Михајлов” Штип. Сега е втора година средно образование во истото училиште, во класата на проф. Благој Јанев. Вели ја сака музиката и сака да свири на пијано, а тоа се докжува и преку освоените низа награди на домашни и странски натпревари.
Од Меѓународниот фестивал за камерна музика во Кавадарци се враќа со освоена прва награда, а победник е и на Меѓународен фестивал на млади музичари “Сергеј Михајов” Штип.
Втора нагарада има добиено на Државен натпревар на млади музичари во Скопје, за пијано и солфеж. Во нејзини раце заврши и специјалната награда за пијано на Меѓународен натпревар на млади пијанисти во Врање, Р.Србија,.
Младата пијанистка има преку 50 Меѓународни и Државни награди, дипломи, парични награди, град при и лаурети и има посетено многу работилници во областа на пијаното, кај светски познати пијанисти.
На 19 Јуни годинава таа ќе има солистички концерт во штипскиот “Безистен”, каде ќе има можност да се претстави со познати дела од Бах, Бетовен, Шопен и други.
Златица Лазарова покрај сите признанија и награди е поканета и на солистички концерт во Малта 2025 година, каде ќе има можност да се претстави во добро светло.
Лаура Стојанова М-Нет