Голем број верници ги посетија црквите во штипско Ново Село и Видовиште, се празнува Спасовден

Православните христијани денеска го слават празникот Свети Спас, празник кој се слави 40 дена по големиот христијански празник Велигден. Уште вчеравечер голем број верници ја посетија црквата Свети Спас во штипско Ново Село. Со пораки за среќа и мир, запалија свеќи за здравје и се помолија за бериќет во семејствата. Дел од нив продолжија на именден кај свои блиски, друг дел на слава. Велат дека како хруитијани ги слават празниците.

„Ние сме си христијани и ги празнуваме сите празници.“ – велат верниците.

Во очи на денешниот празник вчеравечер се посети и црквата Свети Спас во селото Видовиште. Се служеше вечера, а денеска одбележувањето започна утринава во 8 часот. Градоначалникот Борчо Коцев поска многу здравје и среќа на сите граѓани.

„Ја користам оваа прилика да им го честитам големиот празник Спасовден на сите верници“ – вели Коцев.

Вознесение христово, Ден на спасителот или Спасовден е христијански подвижен празник кој се слави 40 дена по Велигден. ВоНовиот завет по светото писмо поточно во светото Евангелие според Марко опишано е и вознесението Христово. Така Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале по храмовите.

Лаура Стојанова М-Нет