
Лавина реакции од страна на родителите бидејќи нивните деца на екстремно високи температури одат на училиште во неклиматизирани простории. Вриат и социјалните мрежо од коментари во кои родителите бараат предвремено да заврши учебната година за основците. Ова следува бидејќи времето е премногу топло, а училниците во основните училишта немаат клима уреди. Но, и покрај ваквиот став на родителите МОН не попушта, од таму велат учебната година ќе заврши на 17 јуни. Од Општина Штип свесни за ситуацијата во основните училиште, но децидни дека не можат ништо да променат како Локална самоуправа. Остануваат уште неколку дена до завршувањето на учебната година.
„За жал морам да кажам дека наставата во училиштата во Штип се одвива во тешки услови затоа што температурите се навистина високи, а училиштата не се толку опремени со климатизери за да може соодветно да се изладат просториите каде што би учеле учениците. Тешко е да се работи во такви услови но за жал ние како општина не можеме овде да направиме ништо, бидејќи прекинувањето на наставата е во рамки на надлежностите на Министерството за образование.“ – вели Санева.
Ако не може предвремено да заврши учебната година, може барем да се скратат часовите, па децата на учлиште да одат до 11 часот, велат родителите. Кога државата се наоѓа во жолта, односно портокалова фаза нехумано е основците да бидат во неклиматиизирани училници. Од општината и на ова велат дека е одлука донесена на од страна на МОН.
„Нема најава ниту за кратење на часовите, учениците одат со редовен распоред, со регуларни часови по 45 минути“ – додава Санева.
Во периодот од 29 април до 6 мај 2024 година, учениците беа на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година.
Лаура Стојанова М-Нет