Во среда на 19 јуни во военото стрелиште во „Пенуш“ ќе се изведе боево гаѓање

Во Општина Штип ќе се изврши боево гаѓање со лично и формациско вооружување. На 19 јуни годинава во период од 08 часот до 16 часот ќе се изврши гаѓањето на военото стрелиште „Пенуш“. Секторот за внатрешни работи Штип соогласно програмата ја известува јавноста со цел да не би дошло до вознемирување на месното население.

„ Почитувани СВР Штип ги известува граѓаните на општина Штип, дека соогласно годишната програма на МВР на Република Северна Македонија и СВР Штип, од страна на полициски службеници од СВР Штип на ден 19.06.2024 година во временски период од 08:00 до 16:00 на военото стрелиште „Пенуш“ ќе биде изведено воено гаѓање со лично и формациско вооружување. Се известуваат граѓаните на општина Штип и околните населени места кои гравитираат околу военото стрелиште „Пенуш“ на 19.06.2024 во период од 08:00 до 16:00 да не се движат во и околу военото стрелиште од безбедносни причини.“

Лаура Стојанова, М-Нет