
Генерално се е подготвено за празнување на Спасовден во Општина Карбинци истакна градоначалникот Паунов. Празникот Спасовден е од големо значење за Општина Карбинци затоа што на тој ден прославуваат 28 години од постоење на Општината. Годинава во таа чест градоначалникот реализира нова модерна програма на која очекува многу посетители но и убаво поминат празничен ден.
„Веќе сме во финални подготовки, она што можам да кажам е дека генерално е спремно се за празничниот ден што ќе се случи во четврток Спасовден е ден на Општината кога празнуваме 28 години постоење на Општината Карбинци. Воедно е и празник на селото Карбинци така што очекувам нашата програма оваа година е навистина поразлича и очекувам да има голема посетеност на сите настани.“ – истакна Паунов
Денот Спасовден во Општина Карбинци ќе се празнува од утрината со свечена седница, а потоа продолжуваат и спортските активности односно турнирот во борење и финалниот мал фудбал. Во 21 часот на стадионот во село Карбинци ќе се одржи концертот на Некст тајм.
„Започнувајќи од утрото со една свечена седница потоа во духот на спортските акивности ќе има турнир во борење кој ќе го организираат двата боречки клуба од Карбинци, а потоа веќе во вечерните часови ќе заврши оној финален ден во турнирот во мал фудбал во Карбинци и вечерва од 21 часот започнува она манифестација, концертот на Некст тајм каде што очекувам навистина голем број на публика настанот ќе се одржи на стадионот во село Карбинци. Така што година имаме поразлична манифестација од онаа што сме навикнати да ја гледаме од годините.“ – додава Паунов
Градоначалникот на Општина Карбинци упатува јавна покана до сите граѓани кои се во можност да го проследат концертот но и да ја посетат Општината.
„Упатувам јавна покана секој кој што е во можност да дојде да не посети и да си поминеме добро и незаборавно, нормално да го одбележиме празникот онака како што го замислуваме.“ – додава Паунов
Инаку, годинашната програма е со цел на поинаков начин да се одбележи празникот, а и да се зголеми посетеноста на тој ден.
Лаура Стојанова, М-Нет