
Македонскиот прволигаш Гостивар гради сериозен тим за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига во која најавува атак на шампинската титула и Купот на Македонија, а со тоа освојување и на потребната „виза“ за излез во Европа.
Гостивар веќе е во финални преговори со фудбалските ѕвезди Нани и Валбуена, сега се реши и тренерското место.
По разделбат со Исмаел Аталан, на тренерското столче седнува Муарем Муарем, кој беше прв тренер во есенската полусезона од минатата сезона, а потоа му беше еден од асистенците на Аталан.
Гостивар веќе сериозно работи на ангажирање на познати фудбалски ѕвезди, а кога се во прашање финансиите, Гостивар не жали и вложува сериозно.
Александар Ванев, М-Нет