Натпросечни температури се очекуваат ова лето, според анализите на УХМР

Ова летна сезона прилично ќе биде топла и сушна. Годинава се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности, според анализите за југоисточниот регион на Европа. На територијата на нашата држава голема е веројатноста да се надминат темпераатурите. Отстапувањето на температурата на воздухот се очекува да биде во месец јули истакна анализата на Управата за хидрометеролошки работи.

„Несигурноста кај регионалните прогнозирања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата. Ако се набљудува медитеранскиот регион, тогаш нема јасен сигнал за врнежите и можеме да кажеме дека ќе бидат просечни. Но, доколку се ограничиме на регионот на југоисточна Европа, тогаш локалните фактори и локалната варијабилност на регионално ниво, со поголема веројатност ни дава сигнал за намалување на врнежите во однос на повеќегодишниот просек. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има врнежи под просечните. Најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во месец јули. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи.“ – исткнаа од УХМР.

Соогласно високите температури упатуваат апел до граѓаните да избегнуваат изложеност надвор на отворено во периоди кога сонцето е многу јако. Да го зголемат внесот на течности и да се заштитуваат од топлотниот бран.

Лаура Стојанова, М-Нет