
Вода на чешмите има, ама истата е матна – велат жителите во село Мородвис. Не ја косристат за пиење, па мора да купуваат флаширана вода, не можат да перат ниту да готват. Велат дека вода најчесто полнат од извор кој е во нивна близина и на таков начин ги задоволуваат основните потреби. Кога врне или има невереме во тој случај водата е кафеава децидни се тие. Слична е ситуацијата и во село Видовиште.
„Едно четири – пет години. 1978 година водоводот го направивме, 15 години го одржава селото, вода за пример беше. А, сега вода немаме. Има еден извор подобра е отколку оваа што доаѓа тука преку водоводот. Доаѓаат луѓе од Зрновци, од Грдовци полнат вода. “ – велат жителите.
Бараат надлежните да излезат на терен и да реагираат на проблемот, иако дел од нив посочуваат дека во изминатите денови машини на терен имало, па се надеваат дека ќе добијат чиста вода за пиење во нивните домаќинства.
„Можеби знае и градоначалникот, ама нема кој да ја одржува линијата. “ – додаваат тие.
За проблемот го прашавме и градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија посочи дека викендов се чистел резервоарот, а ќе започне и изградбата на фабрика за хемиско и биолошко третирање на водата.
„Овие две години се иградени каптажаи за физичко обезбедување, обезбедна доволна количина вода за домаќинствата. Викеднов имаше чистење на таложниците и на резервоарот и се појави во долниот дел на селото матна вода. Оваа недела ќе биде изградено хидрант за таложниците, а во блиска иднина се размислува за изградба фабрика на хемиско и биолошко третирање на водата“ – вели Коцев.
Наредната недела посочи Коцев ќе започне и реализацијата на низа капитални проекти за општината, за кои се издвоени нешто помалку од 10 милиони денари.
Лаура Стојанова М-Нет