
Голема трева, ѓубре и отпадоци, ваква е моменталната слика во новата населба „Сончев град“ во Штип. Опасноста од крлежи, змии и гуштери е голема, велат граѓаните и бараат можност за брзо решавање на случајот од страна на надлежните.
“Па секоа година си е вака, некогаш косат, а некогаш не, зависи“
„Да се исчисте тоа таму и травата и таму што е фрлано ѓубре од страната“
“ Исар нека окоси и собранието треба да градат нешто таму или да го дадат на луѓето плацови за градење“
Ситуацијата, покрај тоа што е опасна за повозрасните, граѓаните велат дека е опасна и за децата, кој секојдневно играат во игралиштето, кое е во близина на самото место.
„Еве го ќе почне да излегуваат змии или било што“
“Деца си играат тука и има тука игралиште, парк и мислам дека е страшно“
“Сега сезоната е за крлежи, змии има, гуштери , се може да се случи“
Побаравме одговор од ЈП “Исар“. Директорот на ЈП „Исар“ вели дека периодов тие активно работат на ваков тип на случаи и дека во следниот период ќе биде саниран и овој проблем. Согласно со законот за јавна чистота, Јавните претпријатија имаат должност да ги одржуваат јавните објекти и улици, а просторот од имотните места до самата улица е должност на граѓаните.
Лаура Стојанова, М-Нет