
Започнува пријавувањето за турнирот во мал фудбал „Свети Наум Охридски“ турнир кој се организира по повод празникот св. Наум Охридски во Стар Караорман, Штип.
Турнирот ќе се одржи во период од 14. јуни до 3. јули за кога е закажано финалето. Како што велат од организацискиот одбор за првите места следуваат богати награди, како и награди за најдобри поединци на турнирот.
Котизацијата по екипа е 4.000 денари, а за првопласираниот тим следува парична награда од 80.000 денари, за второпласираниот тим 50.000 денари, а пак за третото место 20.000 денари.
Пријавувањето на турнирот е до 13. јуни за кога е закажана и самата ждрепка, а со тоа ќе бидат познати и сите групи.
Александар Ванев, М-Нет