Социјалните мрежи главен извор на ширење дезинформации, реализирана работна средба во Штип

Слобода на говор, слобода на медиумите се квалитети на секое едно демократско општество. Но колку оваа слобода се злоупотребува за да се пласираат дезинформации или пак да се шири говор на омраза? Сепак овој пробелм е глобален и ниту на глобално ниво досега не е најден закон со кој може да се санкционира се што се смета за говор на омраза, ширење дезинформации, пропаганда, лажни вести.

„Во овој момент и Европа го бара начинот како да ги санкционира, како да се намалат овие штетни наративи преку социјалните мрежи. Има постојано се оргазнираат разни конференции, постојано се ноги легистлатива. Она што Македонија би требало да го прави е да ја следи легистлативата европска, но дека ќе има брзо решение и трајно решение нема да се случи брзо бидејќи социјалните мрежи се новата реалност.“

Главната причина поради која се злоупотребуваат медиусмките содржини пренесени на социјаланите мрежи е поради одреден интерес. Но пак за подигање на свеста потребно е и општо образование.

„И медиумските содржини пренесени на социјалните мрежи знаат да се злоупотребуваат за постигнување одредени цели во нечиј интерес. Може да биде политички, бизнис, странска земја,. Свесноста се подобрува со општото образование а потоа и со вакви средби какви што огранизираме и во Штип во други градови“

Во иднина директоркта апелираше граѓаните да не веруваат во се што ќе видат или прочитат бидејчи во овој дигитален свет постојат многу алатки за вештачко креирање на видеа и фотографии. Решенито ќе се најде доколку информациите ги добијат од вистинските медиуми кои работат професионално.

Лаура Стојанова, М-Нет