Пензиите на штипјани одат само за храна и апчиња, едвај се врзува крај со крај

За лекови и храна штипјани најмногу ја трошат својата пензија. Сите со ставот дека е мала и дека не може да стигне за се. Велат дека стандарот е висок, а примањата се ниски а пак за штедење не останува ништо. Сепак остануваат надежни на ветувањата од владата која изјави дека во идниот период ќе има линеарно покачување.

„Не, не, тешко е, анџак за апчиња ги даеш и за леб да сакаш нешто поубаво да земеш нема. Нема ништо како да се заштеде со 13 илјадарки. Епа речеа сега изборите шо кажаа. Не знам колку ќе биде.“

„Па мислам зависи колку е висината на пензиите ако е до 40.000 ќе се покријат ако си водешм рачун. Ако е помалку зависи од членовите на фамилијата и така. За едно четиричлено семејство треба да не биде испод 60.000. Па треба новата влада обеќаа дека ќе ги качат линеарно“

За одмор голем дел од пензионерите не ни размислуваат, особено оние со минимални пензии. Децидни се дека сите пари се трошат за храна,сметки и лекови и едвај стигаат за да се помине месецот. Велат ако некогаш на пазар се оделе со список и се враќало со полни торби, денеска во продавница се оди само за леб и најосновни производи за живот.

„Па сеа зависи кој како зима. Ама потешко се поминува, ногу лекарставата се скапи ја по мое и храната., тука одат парите повеќе, комунали. Јас да ви кажам зиам 21.000 повеќе кај децата сум и тешко да останат. А тие со 12-13,000 не знам како минат. Тешко настрана или негде на одмор да идеш, негде да седнеш тоа не доваѓа во обзир. Не само на минималците и на сите треба. Е добро тие големите сеа шо ги викат шо зимат по 30.000-40.000 не знам али вие до дваесе шо сме стварно е тешко да опстанеме.“

„Јас ќе те замолам ако можеш да ми помогнеш со таа мојта пензија да можеме да поминеме месецо, ногу е мала пензијата. Лекарствата и храната за друго и неаме. Среќен сум шо не се задужуваме инаку за страна не. Па обеќат ама од обеќање куча не се растура, ќе видеме“

Според последните статистики минималната пензија во државата изнесува 13,000 денари а просечната пензија изнесува 20.200.

Лаура Стојанова, М-Нет