
Брзо по завршувањето на сезоната во Првата македонска фудбалска лига екипата на Брера Струмица се раздели со тројца фудбалери. Во следната сезона, Матеј Цветаноски, Агрон Руфати и Александар Ристевски нема да го носат дресот на Брера Струмица.
Договорот на дефанзивецот Александар Ристевски истече и тој е слободен играч, Ристевски пристигна од Брегалница и одигра 28 натпревари за струмичкиот тим, а против Тиквеш се запиша и во листата на стрелци.
Агрон Руфати одигра 30 натпревари за Брера Струмица, пришто за струмичкиот тим постигна еден гол а имаше и една асистенција.
Матеј Цветаноски нема да го носи дресот на Брера Струмица во иднина, откако неговиот договор истече. Тој настапи на 25 натпревари за Брера, а притоа постигна и четири погодоци.
Александар Ванев, М-Нет