
Младите категории на Брера Струмица продолжуваат со домининацијата и освојувањето на медали и пехари, откако двете генерации до 17 години и до 16 години ги освоија Куп-титулите. Брера нема зошто да се мисли за иднината, бидејќи има огромен потенцијал во своите младински категории.
По освојувањето на шампионскиот пехар, генерација 2008 односно помлади пионери го освоија Купот на Македонија, откако во големото финале триумфираа над Пелистер од Битола со убедливи 3:0 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Матеј Сејменов, Мартин Стоиловски и Албан Рочи беа стрелци за екипата предводена од Тони Атанасов.
Со освојувањето на ова Куп-титула екипа на Брера Струмица во категоријата до 16 години ја освои двојната круна откако пред две недели го освои првенството.
„Ова е златна генерација на млади фудбалери кои допрва има што да кажат. Работевме постојано и успесите се плод на една конутинирана работа, сплотеност, пожртвуваност на терените. Ги имаме условите, ја имаме желбата и ќе продолжиме со исто темпо во иднина“, кажа тренерот Тони Атнасов.
Купот на Македонија го освои и пионерската екипа на Брера Струмица, откако во големото финале славеше над Пелистер во пенал-рулетот. Во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а потоа во пенал серијата струмичани беа подобри со 3:1 и го освоија Купот на Македонија. Уште
„Горд сум на своите момците бидејќи не се откажаа на финалниот меч и демонстрираа борбен дух, докажувајќи дека фудбалот се игра до последниот свиреж на судијата. Во пенал рулетот секако дека имавме и среќа но го имавме и одличниот голман Давид Илоски. Дефинитивно ова е потврда дека Брера Струмица има одличен потенцијал и најдобра младинска школа која обезбеди две шампионски и две Куп титули“, рече координаторот Борче Постолов.
Брера има одличен потенцијал во младинските категории, а потврда за тоа е и освоената Куп титула на фудбалерите родите 2007 години.
Александар Ванев, М-Нет