
Младиот борач Марио Ананиев го освои третото место на Европското првенство за пионери до 15 години во Лутраки, Грција.
Штипјанецот Ананиев за телевизија М Нет вели дека конкуренцијата на Европското првенство била доста добра, а на истото имал пет борби, на четири триумфирал, а на една борба загубил.
Ананиев вели дека очекувал тешки борби на Европското првенство за пионери.
Подготовките за Европското првенство беа во Штип, каде нашите репрезентативеци се подготвуваа интензивно десет дена.
Ананиев вели дека сега пред него ќе бидат предизвиците со настапите на Европското првенство за кадети во Србија.
Европското првенство за кадети ќе се одржи во Нови Сад, Србија на 20. јуни, а пополека ќе започнат и подготовките за истото.
Александар Ванев, М-Нет