Последиците од невремето влијаат на производството

Поројните дождови и појавата на град, лошо се одразија врз производството, бидејќи како што велат производителите штетата што е направена е огромна, и затоа ќе треба подолг период за да се опорават дел од овошјата и зеленчукот. Некои драстични измени на цените нема, само намалување е забележано на доматите и пиперките. Сончевето време причина плус за големата раздвиженост денеска на градскиот пазар во Штип

„Неќна не фана градушка и невреме, малку стагнира поризводството и дали ќе се опрае у опште не знам, иаме голема штета , па да се надеваме. Цените се тука некаде како претходниот пазар, нема ништо качено само е падната френката, чушлата е падната тоа е паднато другото е тука некаде. Има ногу пазар има значи задоволни сме од пазарџиите сме задоволни.

Купувачите исто беа задоволни од цените, некои со ставот дека овој петок цените се повисоки а други пак дека се исти и дека нема некоја промена во однос на нив.

Производителите денеска можат да се пофалат со изборот на овојшје и зелечнчук кој им го понудија на Штипјани, тоа можеше да се забележи и по посетеноста и купувањето денеска. Пазарџиите најмногу купуваа домати, краставици, јаболки, компири и се останато што е тековно за оваа сеозна.

Лаура Стојанова, М-Нет