Матурантите од СОУ „Јане Сандански“- Штип го завршија средното образование

Вчера матурантите од СОУ „Јане Сандански„ од Штип ја прославија својата матурска вечер со полна еднергија и очекување истата вечер да им биде најубава и најсреќна. Матурските вечери со во тек, а тоа за младите претставува позитивно искуство на исполнување на животните цели.Матурантите велат дека сега се чувствуваат поголеми, размислуваат разумно со што се надеваат дека и ќе постапуваат разумно.

Матурантите децидни дека сакаат да го продолжат своето понатамошно образование.Матурантите посочија дека се задоволни од нивното средно образование, дека зад себе оставаат многу исполнети денови, дружење и пред се можност да научат нешто ново.