Со положување свежо цвеќе на споменикот се одбележа празникот на светите браќа Кирил и Методиј

Денеска на симобиличен начин се чествуваше празник св Кирил и Методиј кој што е значаен за македоснкиот народ. Благодарејќи на нивната моќ можеме да осознаеме, препознаемме, и истото знаење да го пренесуваме на генерациите кои допрва доаѓаат. Во овој ден се содржат и историското, епохалното, културолошјото и епохалното значење како за Европа така и за Македонија. А со делата од нивниот ученик Црноризер Храбар „О писменех“ засекогаш се овековечи нивното постоење

„Со своето перо светите браќа го создадоа најмоќното оружје, светлина за слепите, слух за глувите. Ним им ја должиме писменоста бидејќи тие ни ја дадоа моќта да осознаеме, да препознаеме, да обрзуваме и знаеме, и да го пренесеме знаењето како аманет на нашите идни поколенија Македонци. Затоа овој ден го посветуваме на нив на светите Кирил и Методиј, кои имаат извонредно историско, културолошко и епохално просветителско значење за Европа но и за нашата Македонија. А „Панонските легенди“, „Климентовите житија“ као и делото на едне од нивните ученици Црноризец Храбар „О писменех“ засекогаш го овековечија постоењето на двајцата мислители нашите словенски просветители.“ посочи Николова

„Персијанците, Ерменците, Арабјаните, Хазарите и друите народи го прооведаа словото божјо на свој јазик. И дека е незамисливо дури и апсурдно тоа да се прави на јазик кој е неразбирлив за верниците. Колку е извонредно важна и суштинска мисијата на светите браќа готори фактот што денес тие се патрони на Европа. Признание потврдено од Ватикан со цел да се потенцира нивното значење за единството на европските народи чие културолошко мото е „Единтвени во различноста„ а впрочем во таквиот космополитизам е есенцијалната заложба и на Кирил и Методиј.“ вели Николова

За тоа колку е важна нивната мисија говори фактото што тие денес се патрони на Европа. Културолошкото мото кое гласи „Единтсвени во различноста“ всушност во себе ја содржи есенцијалната заложба на Кирил и Методиј. Посебен карактер настанот доби благодарејќи литературно шитање на учениците од ООУ „Димитар Влахов“ од Штип, исто така присуствуваа градоначалникот на општина Штип, претставници на Локалната самоуправа, претставници на АРМ., претставници на полицијата и претставници од советот на борците.

Лаура Стојанова, М-Нет