
Денес се празнува денот на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј — Овој празник е државен македонски празник кој се празнува на 24 мај. Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за државен празник од 9 век Црквата го прогласила 24 мај за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.
Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.
Традиционално празникот во Македонија започнува со честитката на премиерот на републиката со граѓаните на Македонија.
Во Охрид, градот-лулка на словенската писменост и култура, традиционално се одржуваа повеќе свечености. Од раните утрински часови започнува турнирот во мал фудбал во средното Угостителско училиште „Ванчо Питошески“ помеѓу учениците од трите среднообразовни центри во општина Охрид. Централната свеченост за одбележување на Денот на сесловенските просветители во организација на Општината започнува пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот Парк. Бројни граѓани, просветни и културни дејци, ученици и претставници на јавниот и политичкиот живот од општината доаѓаат да одадат почит преку полагање на цвеќе на споменикот.
Инаку во нашиот град во чест на Св. Кирил и Методиј е поставен споменик наспроти градскта црква Св.Никола.
Лаура Стојанова, М-Нет