Течат подготовките за фестивалот од „А до Штип“ во Дом на млади во Штип, заинтересираноста се повеќе расте

Течат последните подготовки за фестивалот од „ А до Штип“ . Се работи за фестивал на хип хоп музика и урбани култури. Со почеток во 14:00 часот на 25 мај ( сабота). Фестивал чиј втора година по ред е организатор и домаќин Дом на млади- Штип. Се очекува минатогодишната бројка од 1000 посетители оваа година да се надмине

„Настан на хип хоп музика кој е препознатлив по нели пишувањето поезија и ритам и рима, со првото успешно издание лани каде имавме над 1000 посетители продолжуваме со исто темпо оваа година, поканивме многу гости. Главните гости ќе ни бидат од Скопје, и Белград, кој е монетално една од најголемите хип хоп ѕвеѕди на Балканот. Премиера на монодрамата која е во изведба на Ане Блажоски и во режија на Дамјан Читкушев тоа е сонот на смешниот човек од Достоевски и е краток расказ, ги покаувам сите заинтересирани кои би скакале да гледдат одлична монодрама да дојдат во „Дом на млади“ “ вели Лазаров

На овој фестивал публиката ќе има можност да му се придружи на диџејот каде тој ќе пушта музика на т.н отворен микрофон.

„На овој фестивал се наедвам дека ќе успееме имаме најава за отворен микрофон што значи диџеј ќе пушта музика и тие што ќе сакаат да настапат ќе имат слобода да го сторат тоа.“ посочи Лазаров

Фестивалот лани беше отворен од детенце на возраст од 9 години, се планира и оваа година итото детенце да го отвори фестивалот, се со цел да претстставува мотив за сите останати да продолжат да работат.

„Лани го отвори дно детенце на 9 години, оваа година се надевам дека ќе има своја точка „free style“ артист, оваа година повторно ќе го отвори фестивалот што е сепак мотив за сите останати да продолжат да работат. Тоа е една традија која трае неколку години наназад бидејќи на времето кога постоел фестивалот во Штип хип хоп се случувале такви настапи. Изјави Лазаров

Директоро посочи дека интересот за ваков вид настан се повеќе го зголемува инетерсот кај младите со што очекува да го посетат гости од државата и надвор од неа, со што фестивалот ќе стане традиција кој ќе се одржува и во иднина.

Лаура Стојанова, М-Нет