
Поројните дождови и појавата на град предизвикаа пустош во село Уларци, велат дека вадите за оризот се уште не се исчистени од страна на водостопанство, а штетите се катастрофални. Изгледа дека институциите немаат слух за проблемот со кои се соочуваат жителите на селото . Поплавените гаражи, купатила,куќи говорат за фактот дека остануваат беспмошни од страна на инстиуциите и оставени на цедило.
„Оваа вада е за оризите вода шо тече а никој пат водостопанство не е дојдело да ја исчисте. Мажи ми почина он додека беше жив ја чистеше, ја жена како жена може сама жнеа ги трските и толку. И сеа бентовите шо се фанати горе за оризите и дождовите, погледните вадите од што не се исчистени целата куќа, гаражи, купатило се ми е под поплава. Ѕвонам на сите никој не доваѓа. Сите ми викат зашо да дојдеме да се сликаме ли, значи каква е ваа држава на кој да ѕвонеме? Ѕвониме на пожарна, општина, водостопанств, никој неќе да дојде, имат ли они багери некој да дојде да исчисте, нешто да помогнат или куќата да ми падне. Целио двор гаражи се е поплавено, и никој не реагира а одозгоре иде уште ногу вода.
Велат дека ваквата слика од невремето ја гледаат за прв пат во живот, иако имало и порано но овај пат било навистина страшно. Селото е пренатрупано со остатоци од град,
„Не памтам у мојо живот толку да е имало град, ногу тоа е страшно има купишта град там до тоа у травите у се, град чудо.“
„Мост требаше да направат, не го направија. Овај канал барем 100 метра под селото и надоле да се очистат и вади и се . Овоа на шо личе “
По укажаниот проблем се обидовме да го контактираме градоначаликот , но беше недостапен за одговор на проблемот.
Лаура Стојанова, М-Нет